Според оваа прогноза, Манчестер Сити ќе ја одбрани титулата, а Арсенал ќе води поголема борба да ја задржи втората позиција отколку што ќе му парира на Сити за титулата.
Трет ќе биде Њукасл, а најголемото изненадување е Брајтон кој ќе обезбеди историски настап во Лигата на шампионите.
Најголемо разочарување ќе биде Челси кој ќе заврши на дури 11. позиција на табелата.
Од лигата ќе испаднат Борнмут, Шефилд јунајтед и Лутон.