понеделник, 9 декември 2024

Супа од брокули

Објавено на

часот

Сподели

Приготвување:

Загрејте ги путерот и маслото на средна температура, додека да се стопи путерот. Додајте ги кромидот и целерот; динстајте ги 4 до 6 минути повремено мешајќи, додека да омекнат. Додајте ги лукот и мајчината душица (или магдоносот); динстајте околу 10 секунди, додека да замириса.

Додајте ги брокулите. Додајте ја водата со коцката за супа; зголемете ја температурата додека да зоврие и потоа мешајте додека да згусне, околу 8 минути.

Истурете ја супата во блендер и блендирајте додека да стане изедначена смеса. Додајте ги хоплата, солта и црниот пипер.

Состојки:

1 лажица путер

1 лажица маслиново масло

1 кромид со средна големина, сечкан

1 страк целер, сечкан

2 чешниња лук, сечкан

1 лажичка сечкана свежа мајчина душица или магдонос

1 кг брокула, на ситни делчиња

1 л вода со коцка за супа (со кој било вкус)

100 мк неутрална хопла

Половина лажичка сол

Свежо мелен црн пипер, по вкус

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ