недела, 22 декември 2024

Сунак ги отфрли обвинувањата дека Британија испраќа воени инструктори во Украина

Британскиот премиер Риши Сунак изјави денеска дека нема планови наскоро да се испратат воени инструктори во Украина.

Објавено на

часот

Сподели

Неколку часа откако британскиот министер за одбрана Грант Шапс изјави за Сандеј Телеграф дека сака да распореди воени инструктори во Украина, Сунак рече дека нема итни планови за испраќање британски инструктори во Украина, пренесува Ројтерс.

„Она што го рече министерот за одбрана е дека постои можност еден ден во иднина да спроведеме дел од таа обука во Украина“, рече Сунак, но нагласи дека се работи за долгорочно прашање, а не станува збор за „овде и сега“.

Тој додаде дека британските војници нема да бидат испратени да се борат во конфликтот во Украина.

Велика Британија и нејзините сојузници досега избегнуваа официјално воено присуство во Украина за да го намалат ризикот од директен конфликт со Русија.

Шапс рече дека Министерството за одбрана има намера за прв пат да распореди свои сили во Украина, во согласност со плановите што ги разгледува воената команда, и изјавил дека поканил неколку британски компании од секторот на воената индустрија да отворат фабрики во Украина, пренесе британски Телеграф.

Портпаролот на претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, предупреди дека британските воени инструктори во Украина ќе бидат легитимна воена цел на руската армија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ