Камбовски посочи дека утре Судскиот совет ќе формира комисија која ќе ги разгледа сите списи, по што ќе излезе со став дали имало пропуст во претходните судски постапки на обвинетиот Васил Јованов.
„Започнавме со разгледување на случаите, а утре и формално ќе биде формирана комисија од страна на Судскиот совет и по извршениот увид во сите тие списи ќе излеземе со став дали имало пропуст или немало. Ќе бидат разгледани сите забелешки кои што беа изнесени во јавноста и по сите нив ќе се постапува“, рече Камбовски.
Постапката која претходно се водела против Васил Јованов, осомничен за смртта на Фросина Кулакова, а која се однесува за сторена сообраќајка била завршена согласно Законот за кривична постапка.
Оваа неодамна го изјави државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски кој појасни дека постапката не е запрена, ниту отфрлена, туку се работи за законски предвидена можност кога има сообраќајка со телесни повреди.
Младата Фросина Кулакова од Неготино чиј живот згасна на пешачкиот премин на булеварот „Партизански Одреди“ беше прегазена од возачот Васил Јованов (20). Тој пијан и без возачка седнал зад воланот, ја усмрти удирајќи директно во неа додека девојката минувала на зелено светло за пешаци, требало да биде во притвор за трговија со дрога.
Но, бил пуштен со одлука на судијката Даниела Алексовска Стојановска од Основниот кривичен суд Скопје. Девојката што ја уби седнат зад воланот, по средното училиште ја почна модната академија, но нејзиниот живот згасна чекорејќи на пешачки кај „Силбо“, усмртена од пијаниот возач кој е добро познат на органите на прогонот.
Претходно без возачка сторил и друга сообраќајка, во која полесно повредил човек и поминал со парична казна.