На предложениот дневен ред беше и точката за избор на претседател на Судскиот совет, но по предлог на членот на Советот, Исамедин Лимани, едногласно беше тргната од дневен ред. Според Лимани, Советот треба да избира претседател кога ќе биде во полн состав, односно по изборите на двајца нови членови кои треба да се случат на 11 декември.
„Двајца членови со право на глас се отсутни, а исто така сме во фаза на избор на двајца нови членови на Советот кои ќе се избираат на 11 декември. Еден член од општата листа од Апелационо подрачје Штип и еден член од посебната листа, така што изборот на претседател мислам дека треба да биде кога Советот ќе биде комплетиран“, посочи Лимани.
Ставот и на останатите членови е дека Советот може да продолжи со работа без претседател сѐ до неговото комплетирање.