недела, 20 октомври 2024
На итна седница

Судскиот совет денес ќе расправа за работењето на второстепените судии за случајот против Телеком

Судскиот совет на денешната седница ќе одржи итна седница за разгледување и усвојување на извештај за работната група за констатирана состојба по предметот од Апелациониот суд Скопје. Станува збор за судски спор од 2008 година помеѓу штипската фирма Фокуснет и Македонски телеком откако Македонски телеком го раскинал договорот за изнајмување на интернет капацитети, поради неисплатени долгови.

Објавено на

часот

Сподели

Четиринаесет години подоцна, во октомври 2022 година, скопскиот граѓански суд ја одбил тужбата на штипската фирма против Телеком затоа што утврдиле дека станува збор за фирма без имот, без основни средства, без приходи, со еден вработен и со блокирани средства.

По ова штипската фирма Фокуснет се жалела пред Апелацискиот суд Скопје кој скоро две години подоцна делумно ја прифатил жалбата на фирмата и ја преиначил пресудата во корист на штипската фирма. Па така, наместо првично побараните 2 милиони евра, сега Фокуснет треба од Телеком да добие двојно поголема отшета од 4 милиони евра.

„Делумно се усвојува прецизираното тужбено барање на тужителот Друштво за производство, трговија и услуги увоз-извоз Ф. ДОО Ш. Се задолжува тужениот М. Т., акционерско друштво за електронски комуникации С., на тужителот да му плати износ од 136.037.928,00 денари по основ на изгубена добивка. Поголемото тужбено барање на тужителот за исплата на камата сметано на секој годишен износ во утужениот период до 13.02.2018 година и за разликата од бараната стапка на казнена камата на досудениот износ сметано на секој годишен износ во утужениот период, во висина на референтната стапка на Народна банка што за секое полугодие важела на последниот ден од полугодието што му претходело на тековното полугодие зголемена за 10 процентни поени, се одбива како неосновано“, пишува во дел од образложението на пресудата.

Поради ова, од Телеком се сомневаат дека постои поврзаност помеѓу претседателката на судечкиот совет со луѓе од штипската фирма на која Телеком треба да ѝ плати четири милони евра оштета за раскинат договор за испорачување на телекомуникациски услуги.

Министерот за транспорт и врски Александар Николоски неодамна информираше дека обвинители ја испитуваат пресудата на Апелацискиот суд Скопје за случајот во кој Телеком треба да исплати четири милони евра на човек фирма од Штип.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ