„Ние по службена должност бевме известени и јас го инфомирав Јавното обвинителство и побарав да го испита случајот имајќи предвид дека во службеното известување кое го добивме, добивме информации коишто се навистина сериозни за состојбата во судството во Македонија. Ние впрочем и затоа бараме да се распушти Судскиот и Обвинителскиот совет затоа што состојбата е многу лоша и довербата во судството е никаква, а вакви случаи дополнително ја урнисуваат довербата во судството. Така што, очекувам надлежното Јавно обвинителство да постапи по овој предмет и по ова наше укажување и да се расчисти цела таа работа и да се види кои судии ја донеле оваа одлука и зошто ја донеле оваа одлука“, вели Николоски.
Следно што е сомнително, според него, е што самиот Апелациски суд во еден ден издал две различни соопштенија.
„Мислам дека тоа многу говори и за состојбата во самиот суд. Така што, на потег е Обвинителството да се расчисти целата оваа работа со цел и да има одговорност за сите оние коишто ја донеле оваа одлука, но и да нема вакви одлуки во иднина“, рече Николоски.
Апелацискиот суд Скопје ја укина првостепената пресуда на Основниот граѓански суд Скопје и пресуди дека Телеком треба да исплати четири милиони евра на човек фирма од Штип.
Поради ова Телеком покрена постапка пред Судскиот совет против судиите кои ја донеле ваквата пресуда.