петок, 26 јули 2024

Судски совет на полноќ ќе одлучува за имунитетот на судијата Георгиев

Судскиот совет вечерва соопшти дека на полноќ е закажана седница на која треба да се одлучува дали на судијата на Врховниот суд, Наке Георгиев ќе му биде одземен судискиот имунитет, откако попладнево тој беше уапсен и е осомничен за примање награда за противзаконито влијание. Имунитетот може да се одземе за да може судијата да се појави пред судија на претходна постапка кој одлучува дали ќе му биде определена мерка притвор или не.

Објавено на

часот

Сподели

Судски совет на полноќ ќе одлучува дали да му го одземе имунитетот на судијата Наке Георгиев за да може евентуално да му биде одредена мерка притвор.

Врховниот судија, Наќе Ѓеоргиев денеска попладне е приведен на распит во полициска станица поради сомнеж дека тргувал со влијание и дека примил мито во износ од 10 илјади евра. Тој се сомничи дека за 10.000 илјадие награда му ја олеснил постапката на поранешниот градоначалник на Ново Село, Борче Стојчев, кој е обвинет за шверц со марихуана, а претходно тој имаше и дело за шверц со цигари од грчки фри-шоп.

Според Законот за кривична постапка, ако некој е фатен во извршување на кривично дело, во случајот осоминениот судија, веднаш следува разрешување на судијата.

Што се однесува до притворот, ако за вакво кривично дело е пропишана затворска казна до 5 години, за притвор согласност мора да даде Судски совет.

Доколку судијата одлучи така, тогаш имунитетот што ги има согласно закон не мора да го користи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ