Од МЗ вечерва потврдија дека детето денеска нештопосле 7 часот било донесено без знаци на живот во охридската болница.
„На одделот за Анестезија, реанимација и интензивно лекување при ЈЗУ Општа болница Охрид, денеска во 7:12 часот од страна на службата за Итна медицинска помош, донесено е дете од година и единаесет месеци без знаци на живот. Од страна на анестезиолошки тим веднаш е пристапено кон реанимација, но истата е без успех. Причината за смрт ќе ја утврдува судска медицина“, информираа од МЗ.