понеделник, 3 февруари 2025
Клементина Брзаковска

Објавено на

часот

Сподели

КОЛУМНА

Судовите – фабрика за неказнивост, кога правдата станува привилегија

Судството во Македонија повеќе не е гарант на правдата, туку симбол на корупцијата, селективноста и неказнивоста. Последните случувања, во кои тешки кривични дела остануваат несанкционирани, а виновниците продолжуваат слободно да се движат низ општеството, само го потврдуваат ова правило.
Но, кога правдата станува селективна, тогаш таа престанува да постои. Затоа граѓаните сè почесто се прашуваат – има ли воопшто смисла да се бара одговорност во судски систем каде што законот важи само за некои?
Последниот извештај на ОБСЕ за правосудниот систем во Македонија го потврдува она што граѓаните одамна го знаат – судството не работи во интерес на правдата, туку во интерес на моќниците.
Во документот јасно се посочува дека македонските судови се полни со случаи во кои одлуките се носат без јасни критериуми и објаснувања. Судските процеси траат со години, а во многу случаи, кога е во прашање влијателен обвинет, доказите „чудесно“ исчезнуваат, сведоците се повлекуваат, а обвинителствата ги одолговлекуваат постапките сè додека случаите не застарат.
Најалармантен податок од извештајот е појавата на „нарачани вештачења“. Ова значи дека обвинети лица можат да си обезбедат „експертски извештаи“ што ќе им помогнат да ја избегнат одговорноста, без разлика на фактите и доказите. Ваквата практика целосно го поткопува владеењето на правото – ако парите и врските можат да ја променат вистината, тогаш судството станува алатка за заштита на криминалот, наместо механизам за правда.
Еден од клучните проблеми што го посочува ОБСЕ е фактот што обвинителството често пати не презема доволно чекори за да ги гони сторителите на кривични дела. Има безброј примери на случаи каде што обвинети за тешки кривични дела не се приведуваат веднаш, туку им се остава време да ја напуштат државата или да договорат поблаги казни. Во некои случаи, иако сторителите веќе имаат претходни прекршувања на законот, тоа не се зема предвид, а санкциите се минимални. На овој начин, овинителството практично испраќа порака дека кршењето на законот не е сериозен проблем – доколку имате вистински врски или доволно пари.
Корупцијата во судството не е само статистика во извештаите на меѓународните организации – таа е реалност што секојдневно се одразува врз животот на граѓаните. Ако некој може да изврши тешко кривично дело и да не одговара, тогаш кој гарантира дека утре истото нема да му се случи на некој друг?
Македонското правосудство е систем во кој не владее правото – таму владеат привилегиите. Но, секое толерирање на неправдата само ја продлабочува кризата. Единствениот начин да се врати довербата во правниот систем е преку темелна реформа – смена на компромитирани судии и обвинители, независни истраги за сомнителни судски одлуки и строга одговорност за сите што учествуваат во рушењето на правдата.
Судството не смее да биде слуга на моќните – тоа мора да биде заштита за секој граѓанин. Сè додека тоа не се случи, Македонија ќе остане држава во која законот важи само за оние кои немаат како да го избегнат.
Клементина Брзаковска

КОЛУМНИ

Мајкл Спенс

Што е проблемот со германската економија?

Бојан Лазаревски

Последиците од аерозагадувањето се со пандемиски размери

Марјан Бојаџиев

Бојкот на трговијата е како да ја блокираме УХМР поради лошото...

Љубомир Николовски

НБА ол стар: Од престиж, преку спектакл до пропаѓање –...

Дејан Донев

Отворено писмо до познатото другарче

Тодор Петров

Бугарија договорила историја со Македонија уште во 1947 година

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ