четврток, 24 октомври 2024
Историска одлука која може да го промени фудбалот

Судот пресуди во полза на Суперлигата, ФИФА и УЕФА немаат право да спречуваат нови натпреварувања

Судот на правдата на Европската унија со седиште во Луксембург, донесе одлука во полза на иницијаторите за формирање на Суперлигата, ФИФА и УЕФА ја загубија оваа правна битка.
 

Објавено на

часот

Сподели

Денеска во Луксембург е донесена одлука која може да донесе многу поразлична иднина за фудбалот од она што тој е денеска. Флорентино Перез извојува правна победа над УЕФА и ФИФА.

Судот во Луксембург утринава ја соопшти одлуката која може да се покаже како историска. Тие во образложението потенцираат дека УЕФА и ФИФА немаат право на монопол во натпреварувањата и неправилно досега им се заканувале на клубовите. 

„Правилата на ФИФА и УЕФА кои секој проект за ново клупско фудбалско натпреварување, како што е Суперлигата, со санкции им забрануваат на клубовите и на играчите да учествуваат во него е нелегално“, се вели во дел од образложението на судот кој додаваат дека УЕФА не смее да врши монопол и да забранува новоформирани натпреварувања како што е Суперлигата.

Тоа значи дека Флорентино Перез и останатите активисти за формирање на Суперлигата ќе имаат отворен пат кон креација на новото натпреварување. УЕФА и ФИФА, а ниту националните фудбалски федерации нема да смеат да им се закануваат на клубовите со исфрлање од нивните натпреварувања. 

Сега останува само Флорентино Перез да убеди доволен број на клубови за формирање на Суперлигата.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ