среда, 12 март 2025

Судир на две товарни возила на патот Градско – Прилеп, едно лице повредено

Едно лице било повредено вечерва во сообраќајка кај кавадаречкото село Раец, потврди за МИА, доктор Антоан Паракеов, раководител на Итна медицинска помош – Кавадарци. 

Објавено на

часот

Сподели

Лицето било приклештено во камион и извадено од пожарникари. По укажаната прва медицинска помош на лице место, со возило на Брзата помош е пренесено кон кавадаречката општа болница, појасни Паракеов. 

Биљана Ѓаковска, портпарол на Секторот за внатрешни работи – Велес, исто така, потврди за МИА дека имало сообраќајка на магистралниот пат Градско – Прилеп кај Раец, меѓу две товарни возила. Таа истакна дека во тек бил увидот на лице место и засега не може да каже повеќе детали. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ