петок, 31 јануари 2025
Како што пренесуваат дел од медиумите се работи за Даниела Алексовска Стојановска

Судијката од Талир 2 го пуштила од притвор за дрога возачот што ја усмрти Фросина

Возачот Васил Јованов, кој завчера ја усмрти младата Фросина Ќулакова возејќи со 130 километри на час на булеварот Партизански одреди, минатата година бил ослободен од притвор за дело поврзано со неовластена трговија со наркотици. Иако во моментот бил полнолетен, судот пресудил да биде упатен во воспитно-поправен дом за малолетници. Пресудата, како што потврдуваат од Основниот кривичен суд Скопје, ја донела судијката Даниела Алексовска Стојановска.

Објавено на

часот

Сподели

Судијката на 31 јули 2024 година му изрекла воспитна мерка – упатување во воспитно-поправен дом за малолетници, согласно Законот за правда на децата, при што ја укинала притворската мерка, овозможувајќи Јованов да се најде на слобода.

Обвинението од Основното јавно обвинителство било поднесено на 2 април, додека Министерството за внатрешни работи поднело кривична пријава само три дена претходно, откако при претрес во неговиот дом биле пронајдени над 80 паковки со амфетамин.

Иако тој бил полнолетен во моментот на сторувањето на делото, судот пресудил дека како „помлад полнолетник “ треба да биде упатен во поправен дом.

Судијката на јавноста и е познато по тоа што го водеше случајот Талир 2 во кој донесе пресуда триесетина штабови на ВМРО-ДПМНЕ вклучително и главното седиште во центарот на Скопје да се конфискуваат.

Младата Фросина Кулакова од Неготино чиј живот згасна на пешачкиот премин на булеварот „Партизански Одреди“ во Скопје ќе биде погребана денес.

Возачот Васил Јованов (20) кој пијан и без возачка седнал зад воланот, ја усмрти удирајќи директно во неа додека девојката минувала на зелено светло за пешаци, требало да биде во притвор за трговија со дрога. Но, бил пуштен со одлука на судија од Основниот кривичен суд Скопје, за чије име нашата редакција чека официјален одговор.

Девојката што ја уби седнат зад воланот, по средното училиште ја почна модната академија, но нејзиниот живот згасна чекорејќи на пешачки кај „Силбо“, усмртена од пијаниот возач кој е добро познат на органите на прогонот.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ