сабота, 19 октомври 2024

Студентите му се налутија на УКИМ: Ја преминавте границата со воведувањето на дополнителни трошоци

Универзитетот „Кирил и Методиј“ Скопје со воведувањето на новите, неразумни дополнителни трошоци ја премина границата на студентското трпение, реагираат од Студентски отпор. Петицијата против овие трошоци веќе собра речиси 900 потписи, а тоа е јасен сигнал дека студентите нема да молчат пред неправдата.

Објавено на

часот

Сподели

„Нашите барања се јасни и недвосмислени, за наредниот зимски семестар (2025/26), овие трошоци мора да бидат целосно укинати и за летниот семестар на учебната 2024/25 година, ратата да се намали за износот на веќе платените нови давачки. Ова не се предлози, туку ултиматум. Студентски Отпор нема да дозволи студентите да бидат искористени за нови финансиски товари. Ако овие трошоци не бидат укинати, спремни сме на масовен протест и радикален отпор до исполнување на нашите барања. Нашата борба е за правда, за пристапно и правично образование, без непотребни трошоци“, се вели во соопштението на Студентски отпор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ