петок, 18 октомври 2024

Суд во Индија се закани дека ќе ги блокира Фејсбук и Гугл

Објавено на

часот

Сподели

На правните претставници на подружницата на компаниите Гугл и Фејсбук во Индија, Високиот суд во Њу Делхи во вчерашното рочиште им порача дека мора да имаат построга контрола, инаку индиските власти, како и кинеските, ќе бидат принудени да издадат наредба за забрана на таквите интернет-страници.
Прес Траст оф Индија ја пренесува изјавата на судијата Суреша Каита, кој кажал дека двете компании треба да „развијат механизми за следење и отстранување на навредливи и несакани материјали од своите интернет-страници“.
Министерот за комуникации Капил Сибал минатиот месец се закани дека ќе ги отстрани „неприфатливите“ интернет-содржини, додавајќи дека давателите на интернет-услуги не ги послушале барањата на индиските власти за контрола на фотографиите и содржините пред нивното објавување.
Како пример биле дадени монтирани фотографии на голи индиски лидери и фотографии од „религиозно деликатен“ карактер. Неговите коментари предизвикаа гнев и потсмев кај индиските интернет-сурфери, а стручњаците тврдат дека таквите барања мирисаат на државна цензура.
Во Индија, најголемата демократска држава на светот, живеат повеќе од 110 милиони интернет-корисници од 200 милиони жители. Предвидувањата се дека во следните пет години бројот на корисниците ќе порасне за дополнителни 600 милиони.
Фејсбук во Кина е официјално блокиран, а Гугл го повлече својот пребарувач пред две години поради конфликт околу цензура со локалните власти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ