среда, 12 март 2025

Студија: Загадувањето на воздухот го намалува вниманието и препознавањето на емоциите

Загадувањето на воздухот ја намалува способноста на луѓето да се фокусираат на секојдневните задачи, покажа истражување на Универзитетот во Бирмингам.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Загадувањето на воздухот, поточно, дури и краткотрајното изложување на честички, го намалува селективното внимание и препознавањето на емоциите.

Способноста на човекот да се фокусира на секојдневните задачи е под влијание на краткотрајната изложеност на загаден воздух, покажа истражувањето, пренесува Гардијан.

Истражувачите ги анализирале податоците од когнитивните тестови кои 26 учесници ги завршиле пред и откако биле изложени на високи нивоа на честички (ПМ) користејќи чад од свеќа или чист воздух, во текот на еден час.

Студијата, објавена во списанието Нејчр Комјуникејшнс, покажа дека дури и краткотрајното изложување на високи концентрации на ПМ-честички влијае на селективното внимание и препознавањето на емоциите кај учесниците – без разлика дали тие дишат нормално или само преку устата.

Ова може да влијае на способноста на поединецот да се концентрира на задачите, да избегнува одвлекување на вниманието и да се однесува општествено прифатливо.

„Учесниците изложени на аерозагадување не се покажаа добро кога беше во прашање вниманието“, вели д-р Томас Фаерти од Универзитетот во Бирмингем, еден од авторите на студијата.

Тој додаде дека тоа значи дека можеби ќе бидете расеани во секојдневниот живот. Купувањето во супермаркет е добар пример… тоа може да значи дека сте повеќе склони кон импулсивни купувања додека шетате низ продавницата бидејќи не можете да се фокусирате на вашите цели.

Истражувањето, исто така, покажа дека учесниците имале полоши резултати на когнитивните тестови кои го оценуваат препознавањето на емоциите по изложеност на загадување.

„Тие беа полоши во препознавањето дали лицето е исплашено или среќно, а тоа може да има последици за тоа како се однесуваме со другите луѓе“, изјави Фаерти.

Студијата покажа дека работната меморија на учесниците не е засегната, што укажува на тоа дека некои мозочни функции се поотпорни на краткорочна изложеност на загадување од другите.

Загадувањето на воздухот е еден од најголемите фактори на ризик за јавното здравје во светот. Светската здравствена организација проценува дека загадувањето на надворешниот воздух годишно предизвикува околу 4,2 милиони предвремени смртни случаи во светот.

Истражувачите велат дека наодите од студијата би можеле да имаат значителни социјални и економски последици, вклучително и ефекти врз образованието и продуктивноста на работа.

„Студијата беше спроведена кај клинички здрава возрасна популација, што значи дека учесниците беа во добра здравствена состојба и немаа клинички респираторни или невролошки проблеми… одредени други групи може да бидат поподложни на ефектите. Сите стануваме попаметни како што одминува времето, бидејќи ги елиминираме работите што не убиваат, исто така имаме многу подобра исхрана отколку пред 20 години“, додаде Фаерти.

Студијата е дел од поголем проект кој ќе го тестира влијанието на различни извори на загадување, а истражувачите се надеваат дека ќе помогне во обликувањето на идните политики и мерки за јавно здравје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ