четврток, 30 јануари 2025

Студентско собрание при УКИМ бара дополнителните трошоци на факултетите да не бидат на товар на студентите

Во денешното соопштение се наведува дека ќе се бара итен состанок со министерката за образование и наука Весна Јаневска, со цел во најбрз можен рок дополнителните трошоци да бидат надоместени од Буџетот на Република Северна Македонија, како што е предвидено согласно Законот.

Објавено на

часот

Сподели

„Според член 123, став 5 од Законот за високо образование „тековните трошоци – комунални трошоци, одржување, опрема и потрошен материјал за реализација на студиските програми и за работењето на високообразовната установа – на јавните високообразовни установи во целост се надоместуваат од Буџетот на Република Македонија“, посочуваат од Универзитетското студентско собрание при УКИМ.

На состанокот што бил одржан по овој повод присуствувале раководството на Универзитетското студентско собрание при УКИМ, студентската правобранителка и претседателите на факултетските студентски собранија на Медицинскиот, Филозофскиот, Филолошкиот, Економскиот, Правниот, Природно-математичкиот, Машинскиот, Архитектонскиот и Градежниот, Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, Факултетот за ветеринарна медицина, Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер, како и замениците-студентски правобранители од Економскиот, Правниот и Градежниот факултет.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ