недела, 29 декември 2024

Студентите во Србија најавија протест за Новогодишната ноќ: „Нема Нова – уште ни должите за старата“

Студентите од блокадите најавија голем протест за 31 декември во Белград, главниот град на Србија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Како што се наведува во официјалното соопштение за блокадите од Архитектонскиот, Математичкиот, Хемискиот и Земјоделскиот факултет, не смее да се дозволи разводнување на студентските блокади и, како што велат, не смее да се испрати порака во светот дека на студентите на листата на приоритети празниците им се над борбата.

„Тогаш, кога целиот свет ќе слави, мора да покажеме дека нема причина за славење во оваа земја, не пред правдата“, беше нагласено.

Како што се вели во соопштението, со слоганот „Нема Нова – уште ни должите за старата“, собирот на граѓаните започнува во Пионирскиот парк од 22:30 до 23 часот.

Од 23 часот започнува прошетката од Пионирскиот парк до Студентскиот плоштад, со правење бука и со запалени светилки.

Самиот дочек на Нова година ќе биде исклучиво во тишина бидејќи, како што нагласија студентите, во 23 часот и 52 минути ќе започне 15-минутниот молк во чест на 15-те жртви од трагедијата на 1 ноември во Нови Сад, кога дојде до рушење на настрешницата на Железничката станица, јавува Нова.рс.

По оддавањето на почит, најавени се студентски перформанси. Организаторите особено истакнаа дека собирот претставува натпартиска, студентска иницијатива.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ