„ВМРО удри по младите. Го затвори единственото студентско радио на УКИМ! Кој се плаши од слободната и прогресивна критична мисла? Освен тоа, јас сум еден од основачите и првите уредници на истово радио пред повеќе од една деценија. Немале пари, кутрите, да го ‘сервисираат’. Мицко се плаши од младата прогресивна сила, па тргна во затворање на студентското радио уште на почетокот од мандатот“, напиша Апасиев на својот фејсбук-профил објавувајќи го решението за затворање на радиото објавено во Службен весник.
Студентите на УКИМ велат нешто сосема друго. Според нив, одлуката за затворање на радиото го донеле самите студенти на седница на Универзитетското студентско собрание. Тие самите побарале „пренамена на универзитетското радио Студент ФМ 92,9 согласно потребите на новото технолошко доба и незадоволителниот опсег на слушаност. Во тек е процедура за формирање на универзитетски комуникациски центар на УКИМ кој ќе опфаќа годишна програма составена од студентски емисии, студентски гласник, академски приказни промотивни кампањи организација на големи настани… Во овој центар ќе работат студентите за студентите“.
Уште еден студент реагираше на постот на Апасиев: „Обично не се мешам во политика, но знаејќи дека ова дојде од иницијатива на УСС УКИМ минатата година (за време на мојот мандат како делегат од ФИНКИ), должен сум да ја објаснам вистината.
Радиото на УКИМ беше слушано од најверојатно ниеден студент. Радио како медиум не е толку слушано и живееме во друго време каде што социјални мрежи се медиумот. Цел е истите средства од тоа радио да бидат пренаменети во мултимедијален систем на УКИМ којшто ќе биде модерен и ќе допира до својата публика.
Ниту ВМРО, ниту ниедна партија. Студентите го избравме по логика на денешницата.
Жал ми е што сме замешани во политика без никакво истражување на темата од ваша страна професоре Димитар Апасиев. Студентите се млади луѓе кои мнозинството не сме политички определени и сакаме да останеме надвор од овие игри“, напиша Александар Ристоски.