среда, 29 јануари 2025

Студентите по медицина го добија првиот интегриран учебник по гинекологија и акушерство на македонски јазик

За добра едукација на студентите, освен добри професори, потребна е и квалитетна литература. Првиот интергриран учебник на македонски јазик „Гинекологија и акушерство“ е значаен чекор кон унапредувањето на медицинското образование. И во ова време кога студентите одлично владеат барем еден странски јазик, учењето на мајчиниот – македонски јазик овозможува најефективно стекнување трајни знаења, истакна министерката за образование и наука Весна Јаневска на промоцијата на првиот интегриран учебник по гинекологија и акушерство напишан на македонски јазик што се одржа на Медицински факултет Скопје.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Јаневска посочи дека не е лесно да се направи квалитетен учебник и честитајќи им на авторите, апелираше до научните работници и професорите да го следат примерот како влог во поквалитетно образование на нашите студенти.

„Знам дека за идните гинеколози и акушери новиот учебник ќе биде големо олеснување. Тие одбрале благородна професија и тој ќе им помогне во успешно совладување на знаењата“, додаде Јаневска.

Деканот на Медицинскиот факултет, проф. д-р Светозар Антовиќ истакна дека учебникот по гинекологија и акушерство, е импозантно деле  коешто е плод на долгогодишна работа на најголемиот дел од професорите на Катедрата по гинекологија, но и на нив, на целиот Медицински факултет, и претставува значаен придонес во збогатување на ризницата на македонски учебни помагала на македонкси јазик на овој факултет.

„Иако живееме во ера на дигитализација, во таа насока Медицнскиот факултет веќе има и голема база на електронски учебници, сепак пишаниот збор, печатената форма на учебник, мислам дека претставува една трајна вредност, а и за многу од нашите студенти, претставува и префериран начин на учење. И заради тоа сметам дека ова е навистина еден голем придонес во збогатувањето на таа ризница.
Медицинскиот факултет ќе продолжи и понатаму стратешки да ги негува и двете форми на издаваштво и публицистичка дејност“, рече деканот Антовиќ.

Главниот уредник на учебникот проф. д-р Горан Димитров истакна дека првиот учебник по гинекологија и акушерство на македонски јазик претставува интегрирано дело коешто се јавува после 45 години од кога наши македонски професори, гинеколози учествуваа во тн. учебник на група автори којшто беше за цела Југославија.

„Ова претставува дело со 980 страни, во кое учествуваат 46 членови на нашата Катедра, авторите се наставниците, коавторите се асистентите, и уште шест, седум коишто доаѓаат од другите сродни катедри. Овој учебник ќе помогне за понатамошното развивање на науката по гинекологија и акушерство. Ние особено се гордееме, иако многу од нас имаат свои поглавја во други странски учебници, дека ова е учебник којшто е на наш мајчин јазик“, рече Димитров.

Сеопфатниот учебник опфаќа 990 страници и е поделен на 89 поглавја, кои се однесуваат на сите аспекти на гинекологијата и акушерството. Со придонеси од 66 автори, вклучително водечки професори и медицински професионалци од различни катедри на Медицинскиот факултет, овој учебник служи како суштински ресурс за студентите по општа медицина на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Учебникот е структуриран во 50 поглавја во гинекологија и 39 поглавја во акушерство, илустриран е со 493 слики и 101 табели.

Објавувањето беше завршено во ноември 2024 година со почетен печатен тираж од 200 примероци на македонски јазик.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ