Тие велат дека пред еден месец почнале со снимање на документарен игран филм, чија тема се студентските протести.
Идејата на филмот, како што објаснуваат, треба да биде омаж за настраданите во Нови Сад и уривањето на стреата, како и за претепаните и прегазени колеги, студенти.
На протестот во Крагуевац е снимана една сцена во споредна улица поради безбедност, во која учествувале и студенти и граѓани, а режимските медиуми ја објавија снимката и ја означија како „пример за лажирање сообраќајка на студентските блокади“.
Екипата на филмот објасни дека „одредени медиуми ја извлекоа снимката од контекст и ја употребија за спинување на наративот за наводна местенка на студентските протести“.
„По повод прилогот објавен на 16.02.2025 година, во дневникот на РТВ Пинк во 15:00 часот, а подоцна пренесен и на портали и вести на Прва, Информер и Б92, а на кои наводно е режирано и договорено снимање на инцидент меѓу демонстранти и возач – сакаме да ја известиме јавноста дека снимките се направени за време на снимање на студентски филм на четврта година режија на факултетот Академија за уметност во Белград, а во кој како статисти и глумци учествуваа дел од студентите на Академијата во Белград, како и неколку колеги од други факултети“, се наведува во соопштението.
Информер прв објави дека нивната редакција дошла „во посед на шокантна снимка која фрла сосема ново светло на сообраќајните инциденти кои е случија за време на таканаречените студентски протести низ Србија“.
Студенти Академије уметности у Београду: Режимски медији објавили видео са снимања студентског документарно – играног филма о протестима
и употребили за спиновање о “примеру лажирања саобраћајке на студентским блокадама”@avucic 🤡 @tvpinkonline 💩 @djvucicevic 💩
👇👇👇 pic.twitter.com/o29Kioh8JN
— GiorgioSanto (@GiorgioSanto9) February 17, 2025