Изутринава во североисточните делови има мала локална облачност, а наместа дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Во текот на денот ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 24 до 30 степени. Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 29 степени.