Од МВР денеска соопштија дека тој бил баран по потерница поради бегство од Казнено – поправната установа Затвор Штип, каде издржувал затворска казна во траење од три години за сторено кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, а имал за доиздржување 2 години и 5 месеци.
Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Штип за доиздржување на казната.