На три кола до крајот на сезоната, Струга се реши за тренерска смена. Чашата ја прели поразот од Тиквеш во минатото коло.
„Струга ја информира јавноста дека го прекина договорот со Дуро. Со заеднички договор ја прекинавме соработката“, велат од таборот на прволигашот.
Струга води голема битка за одбрана на титулата, има ист број на бодови со Шкендија и Шкупи.