Струга ТМ е старо-нов шампион на Македонија, попладнево во Тетово славеше со 0-2 против Шкендија, и со ремито на Чаир помеѓу Шкупи и Брера, официјално остана на тронот.
Ибраими со атрактивен гол во првиот дел најави шампионското славје, а во продолжение од мечот, Радески ја потврди победата и +3 на врвот на табелата во однос на Шкендија, и +5 во однос на Шкупи на коло до крајот.
Вардар со погодокот на Дурански во 10. минута имаше преднос во Кратово, но во финишот прими гол за 1-1, па „црвено-црните“ преку бараж ќе се обидат да обезбедат опстанок во прва лига.
Резултати од 32. коло на ПМФЛ:
Шкендија – Струга 0-2 (0-1)
Шкупи – Брера Струмица 0-0 (0-0)
Гостивар – Работнички 0-0 (0-0)
Македонија ЃП – Брегалница 2-1 (0-0)
Тиквеш – Воска Спорт 0-0 (0-0)
Силекс – Вардар 1-1 (0-1)