сабота, 27 јули 2024

Стравот на Вучиќ од протестите на граѓаните што не ги предводи опозицијата

Објавено на

часот

Сподели

Тогаш илјадници српски граѓани го принудија Слободан Милошевиќ следниот ден да застане пред телевизиските камери и да објави дека повеќе не е претседател на СР Југославија и дека „ќе им се посвети на семејството и на внукот Марко“.

На социјалните мрежи кружи уште едно видео – последниот митинг на Чаушеску во Букурешт, кој собра ни помалку ни повеќе туку еден милион луѓе. Ова не му помогна да остане на власт.

„Тогаш беше доволно само едно единствено – уа!“, вели белградската новинарка Снежана Чонградин, потсетувајќи на подоцнежното брутално соборување на романскиот автократ.

На протестите на граѓаните власта одговара со поголем протест

Како реакција на илјадниците граѓани што веќе трет петок излегуваат на улиците на Белград, под слоганот „Србија без насилство“ и поттикнати од масовните убиства во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“, а два дена подоцна и од злосторствата во селата околу Младеновац, Вучиќ најави контрамитинг на симпатизерите на неговата Српска напредна партија. Тој ги нарече антивладините протести обид за насилно преземање на власта, ветувајќи дека тоа нема да се случи, вели Ал џезира.

„Ни велат нашите сестрински служби од истокот дека тоа се обиди за шарени револуции“, рече Вучиќ, но не даде повеќе детали.

Државата ќе стане на 26 мај. Весникот Данас пишува за притисокот врз вработените во јавните претпријатија, кои мора да дојдат да го поддржат Вучиќ. Весникот цитира седум опозициски партии што поднеле писмо до основниот јавен обвинител во Ниш поради „многу честа појава на принуда“ на вработените во јавните претпријатија, јавните комунални претпријатија и јавните институции да присуствуваат и активно да учествуваат на митингот на Вучиќ на 26 мај во Белград.

Опозициските медиуми пишуваат и за други случаи на узурпација на државните ресурси за потребите на собирот на Вучиќ, меѓу кои и за одложување на терминот на една нишка оперска премиера. На социјалните мрежи корисниците сведочат за откажување на училишни екскурзии, за в петок да има што повеќе бесплатни автобуси за да ги донесат приврзаниците на Вучиќ во Белград од далечните краишта на Србија.

Вучиќ влегува во предизборна кампања

Јово Бакиќ, професор на Филозофскиот факултет во Белград, вели дека Вучиќ со големиот собир на неговата партија всушност ја почнува кампањата за изборите што би можел да ги распише оваа есен, охрабрувајќи ги сопствените гласачи дека неговата политика не е загрозена и дека Србија под неговото раководство сè уште е силна и се перципира како регионален лидер.

„Тој треба да ги галванизира своите поддржувачи, по големиот удар повторно да ги наполни со оптимизам, да им каже дека ништо не се случило по големата трагедија, дека тоа се случува и во другите развиени земји и дека Србија сè уште останува ‘економски тигар на Балканот’“.

За Вучиќ клучен проблем можеби е она што новинарката Чонградин го нарекува „органски“ протест на граѓаните, кој не е поттикнат ниту предводен од опозицијата во Србија. Иако Вучиќ остана на власт 11 години и покрај многубројните скандали, поврзаноста со криминалното подземје, притисокот на Западот поради одбивањето на Белград да воведе санкции кон Русија по нејзината инвазија на Украина, системот овој пат беше сериозно поткопан поради смртта на децата, што ја разбуди емпатијата кај голем број граѓани. Општеството, погодено од најголемите трагедии што можат да го снајдат, тешко дека ќе се врати „на старо“. Според Чонградин, српскиот претседател овојпат тешко ќе се извлече.

„Колку луѓе и да турка по автобуси, да ги заплашува и уценува бедните и сиромашни луѓе да дојдат на неговиот митинг, тие луѓе ќе си одат дома знаејќи што всушност се случува“, вели Чонградин.

Аида Ќоровиќ, граѓанска активистка и поранешна пратеничка во Собранието, вели дека чувствува страв во потезите на Вучиќ, додека тој ја губи стабилноста под своите нозе. Затоа за неа кризата е многу поопасна и понеизвесна отколку што изгледа во моментов.

„Можни се конфронтации во самото општество во Србија“, предупредува Ќоровиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ