недела, 22 декември 2024

Стотици загинати во Мјанмар по тајфунот Јаги, „Најлоши поплави во историјата на земјата“

Бројот на загинати во Мјанмар по тајфунот Јаги се искачи на повеќе од 220, а речиси 80 други сè уште се водат како исчезнати, соопшти воената влада.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тајфунот го погоди северниот дел на Виетнам, Лаос, Тајланд и Мјанмар на почетокот на септември и досега, според официјалните податоци, уби повеќе од 500 луѓе ширум регионот.

Јаги предизвика сериозни поплави и лизгање на кал во Мјанмар, оставајќи најмалку 226 мртви, додека цели села се уништени. Со уништени стотици илјади хектари земјоделски култури, ОН, исто така, предупредија дека на повеќе од половина милион луѓе во земјата разорена од војна итно им е потребна храна и вода за пиење, засолниште и облека.

Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања соопшти дека околу 631.000 луѓе биле погодени од поплавите во Мјанмар.

Агенцијата додава дека комуникациските линии се прекинати, патиштата се блокирани и мостовите се оштетени, што сериозно ги отежнува напорите за доставување помош.

Лошата комуникација, особено со оддалечените области, исто така го отежнува собирањето податоци за жртвите.

Според Светската програма за храна, овие поплави се најлошите во поновата историја на Мјанмар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ