„Од самиот почеток, Комората доследно укажуваше дека ваквото законско решение, особено со неговата ретроактивна примена за фискалната 2022 година, сериозно ја загрозува правната сигурност и предвидливоста на деловниот амбиент. Одлуката на Уставниот суд ја потврдува исправноста на ставот дека селективното и ретроактивно оданочување не е соодветен механизам за економско регулирање и испраќа важна порака за почитување на правната сигурност, која е клучен предуслов за економски раст и за привлекување на нови инвестиции“, се наведува во соопштението од Комората.
Како најголема бизнис-асоцијација во земјата, се вели во соопштението, Комората настапила институционално преку формални дописи, аргументации и правни механизми, а иницијативата била поддржана од Управниот одбор, Надзорниот одбор, Собранието на Комората, Советот на странски инвеститори и други бизнис-асоцијации.
„Очекуваме во иднина секоја даночна политика да биде темелно анализирана и креирана во консултација со бизнис-заедницата, со цел да се избегнат негативни ефекти врз економијата. Стопанската комора останува посветена на транспарентен дијалог со институциите за создавање на одржливи економски политики што ќе го поттикнат растот и развојот на стопанството“, велат од Стопанска комора на Македонија.