среда, 4 декември 2024

Стопанска комора организира саем за вработување

Стопанската комора на Македонија организира саем за вработување, каде компаниите директно ќе разговараат и ќе ги интервјуираат невработените лица и доколку ги исполнуваат нивните услови, можат да ги вработат или да ги стават во нивните планови за вработување.

Објавено на

часот

Сподели

„Активноста се реализира во насока на амортизирање на еден од најголемите проблеми со што се соочуваат компаниите, обезбедување работна сила преку ангажирање работници од домашниот пазар на труд – со фокус на ранливите категории граѓани и од малцинските заедници“, посочуваат од Стопанската комора.

Најавено е саемот да го отворат Антони Пешев, извршен директор на Стопанската комора и Џери Дајбл, претставник на Канцеларијата на УСАИД во Северна Македонија.

„Недостигот на работна сила е сериозен проблем со што се соочува економијата во нашата земја, а проблемот е уште поголем, бидејќи и увозот на работната сила на работници од трети земји, не ги дава очекуваните резултати“, велат од Стопанската комора.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ