петок, 18 октомври 2024

Столтенберг: Украина е поблиску до НАТО од кога било досега

Објавено на

часот

Сподели

Столтенберг на прес-конференцијата рече дека рускиот претседател Владимир Путин, кога ја нападна Украина минатата година, ја потцени храброста на украинскиот народ и силата и решителноста на украинското политичко раководство.

„Тој исто така ги потцени единството и силата на НАТО алијансата. НАТО ќе продолжи да стои покрај вас се додека е потребно“, рече Столтенберг.

Тој рече дека сојузниците на НАТО во текот на минатата година обезбедиле десетици милијарди американски долари поддршка, а сега договорија триделен пакет што ја приближува Украина до Алијансата.

„Нашата нова повеќегодишна програма за помош на Украина ќе ви помогне да преминете од советската ера кон опремата и стандардите на НАТО и ќе ги направи украинските сили целосно интероперабилни со НАТО“, рече Столтенберг.

Зборувајќи за новоформираниот Совет НАТО-Украина, тој рече дека тоа е форум каде Украина и НАТО сојузниците ќе се сретнат како рамноправни, ќе одржат консултации и заеднички ќе носат одлуки.

„Украина сега е поблиску до НАТО од кога било досега. Сојузниците потврдија дека Украина ќе стане членка на Алијансата и се согласија да го отстранат условот за Акционен план за членство“, рече Столтенберг.

Ова, рече тој, ќе го промени патот за членство на Украина од процес во два чекора во процес во еден чекор.

„И ќе ја поканиме Украина да влезе во НАТО кога сојузниците ќе се согласат дека условите се исполнети“, посочи Столтенберг.

Според него, тоа е силна, обединета порака од сојузниците на патот кон членството на Украина во НАТО.

„Мораме да се погрижиме, дека кога ќе заврши оваа војна, ќе има веродостојни договори за безбедноста на Украина. За да не се повтори историјата“, рече Столтенберг.

Тој го поздрави фактот што, како што рече, многу сојузници денеска ќе се обврзат да обезбедат долгорочна безбедносна помош за Украина.

Столтенберг рече дека тоа ќе помогне да се одврати каква било идна руска агресија по завршувањето на војната.

„Одлуките донесени овде во Вилнус го означуваат почетокот на новото поглавје во односите НАТО-Украина. Денеска се среќаваме како еднакви, со нетрпение го очекувам денот кога ќе се сретнеме како сојузници“, рече Столтенберг.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ