„Украина има право на самоодбрана. Ние ѝ помагаме на Украина да се одржи“, изјави Столтенберг пред новинарите во Брисел, пренесува Радио Слободна Европа.
Тоа, како што наведе, не ги прави НАТО и НАТО сојузниците страна во конфликтот.
Високи руски дипломати во понеделникот изјавија дека трансферот на авиони Ф-16 во Украина ќе покрене прашања за улогата на НАТО во конфликтот.
Американскиот претседател Џо Бајден во петокот одобри програми за обука на украинските пилоти на Ф-16.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го увери Бајден дека авионите нема да се користат за преминување на руска територија.