Големо е славјето кај сите во таборот на Тиквеш, ова за нив е прв трофеј од Купот на Македонија во историјата.
„Големо доживување ќе биде ова во Кавадарци. Вакво нешто градот чекаше скоро 100 години. Играв четири финалиња, навистина сакав да победиме и да дадам гол. Нека гори Кавадарци, вечерва ќе се слави. Имаме квалитетен тим и се надеваме на уште успеси и во иднина“, изјави Стојкоски.