петок, 27 декември 2024
Прес-конференција на пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноска: Осудените за 27 април не се терористи, предметот треба да се врати во прв степен

Објавено на

часот

Сподели

Стојаноска на прес-конференцијата рече дека денес, и по цели 6 години власт на СДСМ-ДУИ манипулациите, шпекулациите на власта со овој случај не престануваат.

„За ВМРО-ДПМНЕ судскиот процес се водеше под контроверзни околности, од омилената судијка на власта Добрила Кацарска, чие име стана синоним за она што во перцепцијата на граѓаните судството денес преставува корумпирана алатка во рацете на СДСМ и ДУИ, алатка за одбрана на криминалот. Да постетиме дека денес Кацарска за ваквата пресуда е наградена за уставна  судијка.

211 години затвор за 27-ми април, а Ден Дончев на слобода. 211 години затвор за 27-ми април, а Рашкоски шета слободно. Заев ужива во својата бизнис империја, Спасовски и понатаму го штити криминалот и нема одговорност за ниту еден криминалец од власта.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе закон за амнестија, власта тоа го одби. Власта ја продолжува неправдата.

Денес предметот за 27-ми април се наоѓа пред Врховниот суд. Јавното обвинителство доставило свое мислење, за што Врховниот суд треба да одлучува. Според нас, треба час поскоро да се одлучи овој предмет да се врати во прв степен бидејќи одудените сѐ се, но само не терористи. Овие луѓе и на судењето, ќе кажат: Бараме правда, да бидеме судени за тоа што сме го сториле, а не за тоа што политички нѐ гонат…

Ние сме за исправање на неправдата и за правда за сите, па и за овие луѓе“, рече Стојаноска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ