И до кога ќе велат од власта дека со објавувањето на криминал се загрозува истрагата, рече Стоилковски.
„Да потсетам дека истото се случи, односно по објавување на криминал и со обвинувања за прекршување, односно нарушување на истрага власта настапи од случајот за модуларната, преку пасоши за мафијаши, па понатаму за Онкологија и редица други криминали во коишто е вмешана и одговорна власта. Вистинското прашање кое што треба да го одговори УЈП е, кои се тие фирми кои што се блиски СДС и до ДУИ, односно до власта, каде што завршиле овие пари? Сѐ друго е замајување на јавноста“, рече Стоилковски.
Поврзано со изјавата на премиерот дека во М-НАВ има семејни врски, Стоилковски рече:
„За прв пат би кажал дека можам да се согласам со Димитар Ковачевски дека М-НАВ е претворена во семејна фирма, но тој требаше да оди до крај и да каже дека тоа е семејна фирма на власта на ДУИ и на СДС, каде што снаата на Артан Груби, сестрата на Бујар Османи, чичко и братучед на Љупчо Николовски се вработени, а и самиот призна. Но и двајца зетовци и еден син на Ејуп Алими и на Беким Незири исто се вработени во М-НАВ. Би рекол дека станува збор за македонска неофицијална агенција за вработување на лицата од власта. Од ваквиот непотизам и бандитизам на народот му се лоши и ѝ се нанесува непоправлива штета за Македонија“, рече портпаролот Стоилковски.