„Се работи за истиот договор со Европската инвестициска банка, за проект во којшто потпретседателката на Банката ја демантираше Арсовска со што ги извади лагите на површина. Сега и Арсовска го потпишува истиот договор со што признава дека, едноставно, лажно го обвини дека влијаел врз тендерската документација и на сила го смени Златко Перински од директорското место во Водовод и Канализација. Уште повеќе, потсетуваме дека ниту Арсовска коментираше нешто против власта, ниту беа променети членовите на комисијата, како што бараше Арсовска во лажното обвинение“, рече портпаролот на прес-конференција.
Тој ја цитираше потпретседателката на Европската банка „ние мора да следиме посебни правила и процедури и вршиме надзор со вонредни и редовни контроли на процесот на оваа јавна набавка, но се мина во добар ред и има зелено светло“ и, како што додаде, Данела Арсовска го потпиша документот!
„Сега чии раце се во медот, на Данела, на неформалниот градоначалник и скопски сметководител познат како Книга, или на неформалниот газда на Арсовска СДС? И се тресеа ли рачињата кога Арсовска го потпишуваше договорот кој што го напаѓаше? Ќе се извини ли сега Арсовска за клеветите врз Перински, Мицкоски и врз ВМРО-ДПМНЕ? На виделина излезе лагата, но и вистината за манипулациите. Данела Арсовска срка од медот заедно со СДС, со ДУИ и со Левица“, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.