Членовите на ДУИ, албански партија партнер на македонската партија СДСМ се апсолутно свесни дека без нив СДСМ никогаш не би се дофатила до власта и ја користат бескрупулозно ваквата своја добитна позиција и веќе водат самостојно македонска државна политика, вели Иван Стоилковиќ за белградски Новости.
Дури, додава Стоилковиќ, потпишуваат и договори со кои буквално од корен се поништува идентитетот на мнозинскиот македонски народ.
„Притоа, праат неприципиелни пактови и се ставаат на располагање секому кој ровари против Србија и српскиот народ, додека квислиншките структури на СДСМ понизно ги следат во чекор, на тој начин додворувајќи им се на светските моќници кои и единствено можат да извршат притисок врз ДУИ и другите албански партии со кои ќе направат влада. Tажно,грдо и многу подло“, вели Стоилковиќ.