„Турскиот сојуз на Ксанти“ со седиште во Тракија продолжи да работи без правен статус, врз основа на пресудата на Врховниот суд од 2021 година со која се одбива нејзината официјална регистрација поради „национална безбедност и јавен ред“, пишува во узвештајот на Стејт департментот.
Во овој документ е регистриран и случајот во април 2023 година кога полицијата уапси 10 лица, вклучително и осомничени членови на партијата Златна зора, под обвинение за напад на изложба на македонскиот уметник Сергеј Андреевски во Каламарија, северна Грција. Маскираните осомничени упаднале на изложбата, го принудиле уметникот да ги симне неговите дела и не дозволувале пристап до посетителите. Во своите летоци, поддржувачите на Златна зора го осудија давањето јавен простор на уметник кој потекнува од земја која, како што рекоа напаѓачите, ја „поткопува“ и „фалсификува“ грчката историја, пишува во извештајот на Стејт департментот за човековите права во Грција во 2023 година.
Стејт департментот вчера го објави и извештајот за Бугарија со сериозни забелешки за работата на бугарските судови кои и покрај бројни судски одлуки на меѓународни инстанци одбиваат да регистрираат етнички македонски активистички групи.