среда, 25 декември 2024

Стејт департментот: Украина ја чека тешка зима

Украина ја чека многу тешка зима, изјави портпаролот на Стејт департментот Метју Милер.

Објавено на

часот

Сподели

„Ни претстои нешто што очекуваме да биде зима со многу предизвици“, кажа Милер на конференција за медиумите.

Тој истакна дека американската администрација чека Конгресот да го одобри барањето за помош на Киев до крајот на годината.

„Тоа останува цел и приоритет“, додаде Милер.

Конгресот не успеа да се договори околу барањето за нова помош за Украина. Долниот дом замина на одмор до 9 јануари, преговорите во Сенатот продолжуваат, но не се очекува нивно успешно завршување барем до крајот на оваа недела. Во секој случај, барањето не може да се одобри без гласање во Претставничкиот дом.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ