сабота, 27 јули 2024

Стејт департментот: Разочарани сме од акцијата на Косово, ги засилува тензиите

Американското Министерство за надворешни работи соопшти дека е разочарано „што косовската полиција презеде акција во финансиските институции на северот на Косово по налог на Министерството за внатрешни работи“, оценувајќи дека тоа ги влошува тензиите, пишува доцна синоќа Гласот на Америка (ВоА).

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Прашањата поврзани со ова беа предмет на долги дискусии во рамките на дијалогот што го води Европската Унија. Оваа акција не е координирана со меѓународните партнери и ги ескалира тензиите. Ова ја поткопува перцепцијата за добрата волја на Косово во решавањето на отворените прашања со Србија преку дијалог предводен од ЕУ“, изјави за Гласот на Америка неименуван портпарол на Стејт департментот.

Косовската полиција соопшти дека шест филијали на Банка Поштенска штедилница на северот на Косово во понеделникот се затворени. Како што се наведува, на банките се поставени официјални знаци за нивното затворање, а сите „понатамошни полициски дејствија ќе се спроведуваат во соработка и координација со правосудните органи“.

„Американската влада постојано повикува на координација меѓу нашите влади за да го поддржи напредокот на Косово на неговиот евроатлантски пат, а последен пат тоа го стори потсекретарката Елизабет Ален на нејзината средба со премиерот (Аљбин) Курти на 19 мај“, соопшти Стејт департментот.

Се повторува „јасната загриженост“ на САД во однос на имплементацијата на изменетата регулатива на Централната банка на Косово, со која се ограничува увозот и употребата на динарот на Косово.

„Ја повикуваме владата на Косово да му се врати на конструктивниот ангажман во дијалогот со посредство на ЕУ како соодветен канал за решавање на прашањата поврзани со нормализацијата на односите меѓу Косово и Србија и да одговори на основните потреби на сите нејзини граѓани – вклучително и оние од српското малцинство – кое е негативно погодено од неодамнешните промени на валутните регулативи“, додаваат од американската дипломатија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ