Критиките за Ставрев дојдоа од страна на победничкиот тим, Панатенаикос.
„Судењето на Ставрев во Солун беше јасна порака за „зелените“, за тоа како функционира системот во Грција и како од секаде доаѓаат пречки во нивниот обид да дојдат до титулата. Грешките на скопјанецот беа еднострани, неговата толеранција кон неспортскиот стил на домашната екипа делуваше калкулантска, а „пожолтувањето“ на дефанзивците на Панатинаикос селективно и намерно. Тој јасно влечеше на страната на Арис, но за џабе“, велат од Панатенаикос.
Изненадувачки се јави и првиот човек на грчкиот прволигаш Волос кој е за странски судии, но не и за Македонци.
„Македонскиот судија беше ужасен. Го донесоа за две кила месо и што да очекуваш од таков човек“, изјави Ахилеас Беос.