Зголемувањето на инфлацијата во август 2024 година, во однос на јули 2024 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во групите: храна и безалкохолни пијалаци за 1,2 проценти, рекреација и култура за 1,1 процент, здравје за 0.8 проценти, ресторани и хотели за 0,7 проценти, домување, вода, електрика, гас и други горива за 0,6 проценти, мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата, комуникации за 0,5 проценти, алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0,1 процент.
Во август 2024 година, во однос на јули 2024 година, намалување на трошоците на животот е забележано во следните групи: транспорт за 2,2 проценти, облека и обувки, разновидни стоки и услуги за 0,3 проценти
Трошоците на животот во групата образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.