среда, 19 февруари 2025

Статистички, овој јануари сме живееле на „повисока нога“ за 5 отсто од ланскиот

Индексот на трошоците на животот во јануари 2025, во однос на јануари 2024 година, бележи зголемување од 4.9 %, а индексот на цените на мало раст од 5.2 %, соопшти Државниот завод за статистика.

Објавено на

часот

Сподели

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во јануари 2025 година, во однос на декември 2024 година, изнесува 0.2 %.

Зголемувањето на инфлацијата во јануари 2025 година, во однос на декември 2024 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: разновидни стоки и услуги за 1.6 %; мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 1.5 %; ресторани и хотели за 0.7 %; храна и безалкохолни пијалаци, алкохолни пијалаци, тутун и наркотици, како и рекреација и култура за 0.1 %.

Во јануари 2025 година, во однос на декември 2024 година, намалување на трошоците на животот е забележано во следните групи: транспорт за 0.9 %, комуникации за 0.4 % и облека и обувки за 0.2 %.

Трошоците на животот во групите: домување, вода, електрика, гас и други горива; здравје и образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.

Индексот на цените на мало во јануари 2025 година, во однос на декември 2024 година, бележи намалување од 0.4%.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ