петок, 25 октомври 2024

Старшип на Спејсекс се распадна откако го заврши поголемиот дел од третиот пробен лет (ВИДЕО)

Ракетата Старшип на Спејсекс, дизајнирана за евентуално испраќање астронаути на Месечината, заврши речиси цел пробен лет во вселената денеска при својот трет обид, но беше уништена при враќањето на Земјата откако стигна подалеку од кога било.

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

За време на директниот пренос на летот, коментаторите на Спејсекс рекоа дека контролата на мисијата ја изгубила комуникацијата со вселенското летало за време на неговото повторно влегување во атмосферата со хиперсонична брзина.

Возилото се приближувало до планираното место за пад во Индискиот Океан околу еден час по лансирањето од Јужен Тексас.

Неколку минути подоцна, Спејсекс потврди дека леталото е „изгубено“. Најверојатно изгорело или се распаднало при повторното влегување или при падот во морето.

Од нејасни причини, Спејсекс одлучи да прескокне една од примарните цели на пробниот лет – обид повторно да се запали еден од моторите Раптор на Старшип додека лебди во ниска орбита, пишува Ројтерс. Ова се смета за клучно за идниот успех.

Сепак, исполнувањето на многу од планираните цели на летот претставува пресвртница во развојот на вселенското летало што е клучно за растечкиот сектор за лансирање сателити на Спејсекс, основан во 2002 година од Илон Маск, и лунарната програма на НАСА.

Шефот на НАСА, Бил Нелсон, му честиташе на Спејсекс за, како што рече, „успешниот тест лет“.

Претседателката на Спејсекс Гвин Шотвел на Икс објави дека тоа е „неверојатен ден“.

Двостепеното вселенско летало, кое се состои од брод за крстарење Старшип поставен на врвот на ракетниот носач „супер хеви“, полета од локацијата за лансирање на компанијата Старбејз во близина на Бока Чика, на Заливскиот брег во Тексас.

Вселенското леталото далеку ги надмина своите два претходни лета, кои беа прекинати со експлозии неколку минути по лансирањето.

Компанијата однапред призна дека постои голема веројатност нејзиниот последен лет да заврши со уништување на леталото пред крајот на мисијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ