среда, 4 декември 2024

Стармер: Зајакнување на поддршката за Украина за да биде во најсилна позиција за мировни преговори

Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека е неопходно зајакнување на поддршката за Украина со цел земјата да се стави во најсилна позиција за мировни преговори.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Стармер ја нагласи важноста од континуираната поддршка од западните земји и предупреди дека руската победа во Украина ќе ги загрози безбедноста, стабилноста и просперитетот на Европа, особено затоа што тоа може да ги охрабри руските сојузници, објави Ројтерс.

„Мораме да продолжиме да ја поддржуваме Украина и да го направиме она што е неопходно за да ја поддржиме нивната самоодбрана, колку што ќе биде потребно. Да се ​​стави Украина во најсилна можна преговарачка позиција за да можат да обезбедат праведен и траен мир според нивни услови, кој ја гарантира нивната безбедност, независност и правото да ја изберат сопствената иднина“, рече Стармер во понеделникот за време на обраќањето во историскиот финансиски кварт во Лондон.

Стармер рече дека е „од витално значење“ сите европски нации да ги засилат напорите да ја заштитат својата „заедничка иднина“, додавајќи дека за „иднината на слободата во Европа се решава денес“.

Велика Британија е еден од најгласните поддржувачи на Украина од почетокот на руската инвазија во 2022 година, и беше првата земја што ѝ достави на Украина пософистицирано оружје, вклучувајќи борбени тенкови и крстаречки ракети со долг дострел.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ