понеделник, 30 декември 2024

Стапката на сиромаштија во Аргентина под популистот Милеј порасна на 53 отсто

Стапката на сиромаштија во Аргентина пораснала од 42 на 53 отсто за време на првите шест месеци на власта на претседателот Хавијер Милеј, соопшти националната статистичка агенција.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Овој голем пораст ги одразува последиците на најинтензивната програма на штедење во поновата историја на земјата.

Владиниот извештај дека полугодишната стапка на сиромаштијата во оваа година го достигнала највисокото ниво од 2003 година, кога Аргентина беше погодена од катастрофален банкрот на надворешниот долг и девалвација на валутата, претставува голем удар за десничарскиот популист Милеј.

До сега странските инвеститори и Меѓународниот монетарен фонд, на кој Аргентина му должи 43 милијарди долари, ја поздравуваа неговата контроверзна фискална шок терапија, која успеа да ја намали месечната инфлација во земјата на 25,5 отсто во декември минатата година на 4,2 отсто во последните месеци.

Инфлацијата во Аргентина, која сега изнесува повеќе од 230 отсто годишно, е една од највисоките во светот. Очекувајќи негативни вести неколку часа пред објавувањето на извештајот за сиромаштијата, портпаролот на Милеј се обиде да го ублажи ударот за време на долгата конференција за новинарите, наведувајќи дека „владата наследила катастрофална ситуација“.

За разлика од претходните влади кои одржуваа висока потрошувачка на граѓаните по цена на масивен буџетски дефицит, Милеј ја укина контролата на цените, ги намали субвенциите за енергија и транспорт, и го девалвираше пезосот за 54 отсто во декември откако ја презема должноста.

Мерките за штедење и дерегулацијата доведоа до остар пад на куповната моќ и ја турнаа економијата во длабока рецесија. Милеј, политички циркузант кој борбата против вртоглавата инфлација во Аргентина ја претстави како главно ветување на кампањата, смета дека, ако неговата влада успее да ги стабилизира цените, растот ќе се врати и ќе се случи чудесно опоравување.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ