Истовремено, како што стои, ССМ најостро го осудува потегот на раководството да избрка од работа поголема група на вработени, како и да го избрка од работа претседателот на Синдикатот на Комунална хигиена при СУТКОЗ, Дели Дардишта, кој има над 30 години работно искуство и тоа исклучиво поради синдикалната борба што ја води за работниците.
„Укажуваме дека на претседател на синдикат не може и не смее да му се откажува договор за вработување и дека ССМ ќе ги искористи сите расположливи механизми за заштита на претседателот Дели Дардишта од нечовечкиот однос на раководството во ЈП Комунална хигиена“, се наведува во објавата.
ССМ целосно ги поддржува вработените во Комунална хигиена во Скопје кои веќе неколку денови изразуваат револт кон раководството бидејќи, отпуштени биле десетици вработени, но и поради тоа што не им се исполнуваат барањата за зголемување на платите, К-15 и бенефициран стаж.
Работниците, како што се посочува во објавата на ССМ на Фејсбук, им се извинуваат на граѓаните поради тоа што не се собира сметот и ги информираат дека револтот е против раководството на ЈП Комунална хигиена.