среда, 5 февруари 2025

Српскиот премиер: Наставниците кои нема да сакаат да предаваат нема повеќе да бидат во просветата

Претседателот на владата на Србија Милош Вучевиќ кажа денес дека е извесно дека ќе има настава во второто полугодие во училиштата во таа држава, а дека наставниците кои нема да сакаат да предаваат, нема повеќе да работат во просветата, додека учениците кои нема да доаѓаат на часови ќе добијат неоправдани изостаноци.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тој во Нови Сад им кажа на новинарите дека студентите можат да се занимаваат со блокади колку сакаат, но дека е неопходно училиштата да работата и дека околу тоа нема компромис.

„Сите нека водат сметка. И кој нема да сака да им заклучи оценки на децата, добро нека води сметка, просветната инспекција сè ќе преиспита. Тука државата нема да молчи, тука нема да си играме. Сакате да проверите дали државата е решителна, јас ви советувам да не проверувате, но ако сакате, ќе видите дека државата ќе реагира. Нема да работите? Има кој сака, има други професори“, кажа Вучевиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ