„Нестручни, во улога на изведувачи на работите, кои или воопшто немаат или имаат минимално знаење и искуство за изведување работи. Неодговорни, во вид на проектанти и надзорен орган, кои свесно или несвесно пропуштиле да видат и коригираат такво нестручно однесување на изведувачот, и нормално, препотентни, од редовите на извршната власт, и тоа највисоки претставници, кои со своите одлуки довеле до ситуација работите да се изведуваат без потребните дозволи, без комплетна документација и без контрола“, кажа Дашиќ.
Според него, за трагедијата во која 15 луѓе загинаа во уривањето на бетонската стреа на железничката станица во Нови Сад, треба да одговараат претседателот на државата, двајца премиери и три министри за градежништво.
„Тоа е списокот на луѓе кои треба кривично-правно да одговараат за пропустите според важечкиот закон за планирање и изградба на објекти. Како и за делата од областа на спечување на корупцијата, но тоа е веќе некоја посебна истрага, која допрва почнува“, истакна Дашиќ.