понеделник, 30 декември 2024

Средба Сиљановска-Давкова со грчката амбасадорка: Доследно почитување на Преспанскиот договор

На денешната средба на претседателката на Македонија Гордана Сиљановска-Давкова со грчката амбасадорка Софија Филипиду, беше нотирана важноста од доследна примена на Преспанскиот договор од сите страни кои се обврзале на него.

Објавено на

часот

Сподели

„На средбата беше разговарано за севкупните билатерални односи меѓу двете земји, потенцијалите и можностите за унапредување на соработката, во функција на градење на добрососедство засновано на меѓусебна доверба и разбирање. Во таа насока, претседателката изрази очекување за поддршка од Грција на политиката за проширување и на нашите европски аспирации.

Претседателката Сиљановска Давкова на средбата ги реафирмираше заложбите за натамошно унапредување на партнерството и искреното пријателство со Грција. Таа ја нагласи добрата соработка во областа на одбраната, потенцирајќи ја важноста и од јакнење на економската соработка, трговската размена, инфраструктурното поврзување, како и соработката во областа на образованието, културата и туризмот, како предизвици на кои треба заеднички да се фокусираме во интерес на благосостојбата и зближувањето на народите на двете земји“, соопшти кабинетот на македонската претседателка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ