среда, 26 февруари 2025

Средба Муцунски – Вајц, добрососедски односи врз принципите на меѓусебна почит и градење доверба

Напредокот на државата во процесот на европска интеграција, идните чекори во пристапниот процес, како и можностите за зајакнување на соработката со Европскиот парламент беа темите на разговорот на министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија Тимчо Муцунски и европратеникот и известител од Европскиот парламент Томас Вајц.

Објавено на

часот

Сподели

Министерот Муцунски ја потенцирана цврстата посветеност на Владата за напредок на европскиот пат преку спроведување стабилен реформски процес во клучните области, зајакнување на економските капацитети и подобрување на животниот стандард на граѓаните. Посебен акцент беше ставен на значењето на добрососедските односи, при што министерот ја потенцираше заложбата на државата за нивно континуирано унапредување врз основа на принципите на меѓусебна почит и градење доверба.

Муцунски се заблагодари за неговата досегашна работа и отворената соработка во насока на промоција на евроинтегративниот процес на Македонија. Двајцата соговорници го нагласија значењето на одржување конструктивен дијалог со Европскиот парламент на сите нивоа, како и потребата од продлабочување на соработката, со цел унапредување на заедничките интереси и обезбедување континуирана поддршка за европската перспектива на земјата, соопшти МНР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ